Windows 10X е оперативен систем од Microsoft кој првпат беше најавен во 2019 година со најавата на Surface Neo, уредот со два екрани од компанијата, кој се’ уште не е пуштен на пазарот, а и прашање е дали и кога тоа би се случило. Во тоа време Windows 10X беше замислен да работи на уредите со двоен екран, но со тек на време беше најавено дека овој систем прво ќе биде пуштен за обичните уреди, како конкурент на Chromebook уредите.

После подолго чекање, информациите говореа дека Windows 10X може да се очекува оваа пролет, но кога за тоа немаше никаква најава стана јасно дека може и нема да се случи. Излезе и неофицијалната информација дека Microsoft се има откажано од развојот на оваа верзија од Windows и енергијата ќе ја насочи кон уште неофицијалниот поголем редизајн на Windows 10 оваа година.  

Во објавата за почетокот на достапноста за сите корисници на Windows 10 May 2021 Update, Microsoft издвои и дел за Windows 10X. Од компанијата потврдуваат дека наместо да го пуштат Windows 10X, тие ќе се насочат кон тоа да ги донесат дел од технологиите од оваа верзија во Windows 10, како и во други производи од компанијата.

Од неофицијални информации веќе знаеме дека поголемата надградба на Windows 10 во есен ќе се фокусира најмногу на корисничкиот интерфејс, а таа ќе содржи голем дел од елементите кои ги видовме кај Windows 10X.

Конкретно, може да се очекуваат заоблени агли кај старт менито, центарот за известувања и други делови од системот. Центарот за известувања ќе биде помал, односно нема да биде на целата висина на десната страна од екранот и ќе биде многу попрактичен.

Се очекуваат промени и кај таскбарот, како и кај повеќето апликации од компанијата. Треба да се добие поголема употреба на Fluent дизајнот, со што Windows 10 конечно би добил унифициран и модерен изглед, кој сега е делумно воведен.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаНаредната верзија од Wear OS ќе биде развиена во соработка помеѓу Google и Samsung
Следна статијаОткажан IFA 2021 настанот поради несигурности со развојот на пандемијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.