Како што може и да се забележи, знаци за официјално пуштање на Windows 10X, кои беа најавувани за оваа пролет, нема. Според информации од порталот Petri, тоа нема да се случи воопшто оваа година, а Microsoft вниманието целосно ќе го насочи кон Windows 10.

Тоа значи дека од компанијата сериозно ги сфаќаат новините кои уште неофицијално се најавуваат за оваа есен и неофицијално го носат името „Sun Valley“. Можеби од Microsoft уште официјално ги немаат потврдено овие информации, сепак во неколку ситуации тоа што го кажуваат може да се смета како потврда.

Официјалната најава на есенската надградба со сите промени за Windows 10 се очекува да се случи на посебен настан идниот месец. Овие промени во главно се насочени кон корисничкиот интерфејс и корисничкото искуство на Windows 10, што ќе донесе унифицирање на изгледот кој сега е недовршен, а ќе има и нови решенија, како и нови функции.

Дел од новините за првпат ги видовме во Windows 10X, а истите се очекува дека ќе станат дел од Windows 10 од есен.

Есенската надградба, ако се покаже како што сега се најавува, со право од Windows Central ја нарекуваат Windows 11, само без официјално да се користи тоа име.

Инаку, Windows 10X првпат беше претставен со најавата на Surface Neo, уредот со два екрани. Овој оперативен систем беше специјално развиен за овој уред, но потоа беше насочен и кон уредите со еден екран. Доколку станеше достапен оваа година, Windows 10X требаше да биде главна конкуренција на Chrome OS од Google, кај поевтините уреди и тие наменети за образованието.

Сепак, со најавата на донесување на дел од карактеристиките на овој систем кај Windows 10, може да се каже дека се трга потребата од посебна верзија која само може да донесе забуна кај корисниците.

Дел од карактеристиките на Windows 10X, поврзани со кодот, надградбите и слично, сепак би требало да станат дел од Windows 10 нешто покасно, па целосната прилагоденост на системот за послабите уреди може да се очекува нешто подоцна.

Како една дополнителна причина за откажувањето на Windows 10X, барем за оваа година, се истакнува и немањето на директна поддршка за win32 апликации, а слабиот избор на апликации преку Microsoft Store.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаЕлон Маск овој викенд беше водител на Saturday Night Live и беше дел од неколку скечеви
Следна статијаWizz Air го најави распоредот за лето 2022 од Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.