Скопје, 10.05.2021 – Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа денес го најави летниот распоред за 2022 (април – септември 2022) од двата аеродроми – Скопје и Охрид. Wizz Air сега нуди голем број на ниско-буџетни рути до најатрактивните летни дестинации низ Европа.

Wizz веќе гледа во светот после пандемија со најавување на рути за лето 2022. До 21 мај, само членовите на Wizz Discount Club ќе можат да резервираат карти за оваа сезона. Патниците кои сакаат да почнат со планирање на нивните одмори за следното лето, можат да одберат од големиот број на достапни рути од Северна Македонија, вклучувајќи дестинации како Барселона, Ларнака, Тревизо или Малта. Градските тури, уживање на убавите плажи или посета на фамилијата или пријателите, Wizz Air нуди летови по прифатливи цени на уште повеќе патници за време на овие предизвикувачки времиња, со нетрпение очекувајќи да се врати желбата за патување.

Wizz Air ја претстави новата ера на санитарни патувања, спроведувајќи строги хигиенски мерки за заштита на патниците и екипажот. ХЕПА филтрите на сите авиони на Wizz Air филтрираат 99,97% од вирусите и бактериите од воздухот, а пак членовите на екипажот и патниците треба да носат маски за време на летот. Вентилацискиот систем со кој е опремен секој авион е дизајниран целосно да го променува воздухот во кабината 20 пати на час, со што постојано циркулира чист воздух. Wizz Air ќе продолжи со својот строг распоред за целата оперативна флота, со што целиот авион е дезинфициран преку ноќ по сите правила и прописи. Погледнете го видеото на Wizz Air за безбедност и заштита во продолжение.

Wizz Air им нуди на патниците и опција за голема флексибилност преку услугата WIZZ Flex. Со додавање на оваа услуга во резервацијата, патниците имаат дополнителна заштита. Така, тие можат да изберат да патуваат на различен датум или на друга дестинација, како и можност да го откажат летот до 3 часа пред поаѓање без никаков надомест и да добијат 100% од целата сума веднаш како Wizz кредити.

Претходна статијаMicrosoft го прекинува развојот на Windows 10X, ќе се фокусира повеќе на Windows 10
Следна статијаПоследен ден за пријавување на хакатонот за намалување на сивата економија во е-трговија