Фото: Shutterstock.com

Почетокот на масовното вакцинирање во светот даде надеж дека дел од годинешните настани ќе се одржат, по нивното откажување минатата и почетокот на оваа година. IFA е настан кој се одржува на почетокот од септември, па се сметаше дека оваа година тој сигурно ќе се одржи.

Сепак, од Messe Berlin саемот и организацијата која стои зад IFA, информираа дека IFA 2021 се откажува и дека треба да се очекува враќање на овој настан идната година.

Како причина за откажувањето се истакнува несигурноста околу развојот на пандемијата, односно појавата на нови видови од корона вирусот, како и бавното темпо со кое се одвива вакцинацијата во светот.

„Одлуката беше донесена по детални разговори со експерти за јавно здравје и повеќе засегнати страни. На крајот, неколку клучни светски здравствени показатели не се движеа доволно брзо во потребната страна како што се надевавме – од брзо појавување на нова COVID-19 варијанти, на пример од Јужна Африка, до континуирани несигурности поврзани со брзината на програмите за вакцинирање низ светот.“ – истакнуваат од IFA.

Тие додаваат дека големиот број на учесници и посетители треба на време да го планираат своето патување, буџетите и слично, па несигурностите поврзани со развојот на пандемијата не остава доволно простор за да се направи потребната организација на време.

Ова може да се каже дека е до некаде неочекувана одлука, а посебно поради тоа што се очекува дека до септември пандемијата во главно ќе биде ставена под контрола. Сепак, во право се кога кажуваат дека постојат одредени несигурности, па еден голем настан како IFA не може да се организира како што треба на овој начин.

Не е познато дали ќе има барем онлајн форма на настанот, но според најавата, изгледа такво нешто за IFA не би имало.

ИЗВОРIFA
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаMicrosoft потврди дека пуштањето на Windows 10X е откажано, а некои од функциите од овој систем ќе станат дел од Windows 10
Следна статијаИнвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува – реновирана и модернизирана бензинската станица во Кичево
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.