Фото: Shutterstock.com

На нешто помалку од една година до истекот на официјалната поддршка за најпопуларниот Windows моментално, Windows 10, Microsoft ги потврди минималните барања кои ги постави за Windows 11. Овие барања се голем дел од причината зошто Windows 11 не го држи првото место на Windows инсталации, а тоа изгледа ќе остане така уште доста време. 

Не дека се очекуваше промена на политиката, но еве Microsoft сега ја потврди нивната решеност да продолжат да ги бараат неколкуте спецификации за Windows 11, поради кои корисниците ќе мора да купат нови компјутери за да можат да го инсталираат овој систем. Тука мислам на тие кои сакаат, но не можат да го надградат својот компјутер. 

Потврдата доаѓа во форма на нова блог објава преку која од компанијата ги истакнуваат предностите кои доаѓаат со тие неколку спецификации кои ги бараат за да може да се користи Windows 11. 

Главното барање, кое стана познато уште од пуштањето на системот е секако TPM 2.0 модулот кој обично е дел од чипот, но доаѓа и посебно. Во овој модул се чуваат работи како клучеви за шифрирање, лозинки, сертификати и други видови на сензитивни податоци од корисникот. 

Овој модул исто така овозможува и функции како Windows Hello и Secure Boot, а модулот се користи и за функционирање на BitLocker функцијата на Windows. 

Тоа што ги прави работите уште „полоши“ е што одредени компјутери имаат TPM 2.0, но сепак не се компатибилни со Windows 11, а тоа е поради дополнителните барања за безбедност базирана на виртуелизација, како и HVCI – hypervisor-protected code integrity. Овие две функции се достапни на чиповите, односно процесорите од 2018, па понови, што значи дека TPM 2.0 не е единствениот проблем. 

Корисниците кои користат легални верзии од Windows 10, а реално во случајот со приватните корисници во земјите како нашата тоа е ретко, можат да доплатат 30 долари за уште една година поддршка по истекот на истата наредната година. Во случајот со бизнисите продолжувањето може да биде до три години. 

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаPerplexity Pro – една од најнапредните AI алатки за пребарување, достапна бесплатно една година за сите Телеком корисници
Следна статијаТим Кук во интервју за Wired открива што смета дека ќе биде главната одлика на нивните производи и тоа не е генеративната вештачка интелигенција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.