Фото: Shutterstock.com

Стивен Леви од Wired седна со Тим Кук во Apple Park за интервју со директорот за една од најпознатите компании во светот, а може да се каже и историјата. Во разговорот се отвораат повеќе теми, но не може да се каже дека беа откриени некои посебни непознати информации. 

Тим Кук разговара за неговото доаѓање во Apple во време кога не била сигурна иднината на компанијата. Стив Џобс и неговата енергија биле тие кои го решиле да премине во Apple од Compaq. Кук говори и за канцеларијата на Џобс која се’ уште никој не ја користи, а тој знае да седи во неа за инспирација. 

Тоа што е интересно е кога разговараат за вештачката интелигенција, нешто што другите компании побрзаа да го воведат и до пред некое време тоа беше промовирано како главната нова функција за корисниците. Apple во нивни стил доцнат со воведувањето, а Кук колку и да ја фали вештачката интелигенција и помошта која ја добива од истата, сепак во текот на разговорот смета дека здравствените функции ќе бидат тоа по кое компанијата ќе биде повеќе запаметена. 

„Јасно ми е дека ако одзумирате многу во иднината, и погледнете наназад и прашате кој бил најголемиот придонес на Apple, тој ќе биде во здравствената област. Во тоа навистина верувам. Кога почнавме да го влечеме тој конец со Apple Watch, тоа беше каскада од настани. Почнавме со нешто едноставно, како следење на отчукувањата на срцето, а потоа сфативме дека можеме да ги собереме срцевите сигнали за да дојдеме до ЕКГ и определување AFib. Сега ја следиме апнејата при спиење. Добив толку многу белешки со текот на времето од луѓе кои немаше да преживеат да не беше алармирањето на нивниот зглоб.“

Во текот на разговорот Кук дава мала информација поврзана со можноста Apple да претстави паметни очила, па според него тоа е правецот во кој се движат со развојот на Vision Pro. Ова е уред кој има доста напредна технологија, а на коментарот дека не се продава добро тој истакна дека се работи за нова технологија која ја купуваат мал број на корисници кои сакаат да тестираат такви технологии. 

Целото интервју можете да го прочитате тука, а во продолжение можете да ја погледнете видео верзијата. 

ИЗВОРWired
Претходна статијаНа помалку од една година до истекот на поддршката за Windows 10, Microsoft не се откажува од барањата со кои доаѓа Windows 11
Следна статијаChatGPT има повеќе од 300 милиони корисници во текот на неделата, а во иднина можно е да почне да прикажува реклами за бесплатните корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.