Microsoft со пуштањето на Windows 11, како што е познато, ја промени својата практика и го ограничи инсталирањето на овој систем само на уреди кои се нешто понови. Ова е поради неколку барања поставени за системот, како што е достапноста на TPM 2.0 чип, како главно барање.
Сепак, корисниците со години успеваат да го инсталираат системот и на компјутери кои не ги задоволуваат основните барања, а од компанијата тоа не само што не го блокираа, до некаде и го промовираа.
Како што се ближи крајот на поддршката за Windows 10, 14 октомври оваа година, Microsoft почнува да ги насочува корисниците повеќе кон купување на нов компјутер, а тоа е и очекувано со оглед на достапноста на новите Copilot+ компјутери кои доаѓаат со повеќе функции на основа на вештачката интелигенција.
Поради тоа, на страните од компанијата веќе не може да се најде текст кој истакнува како може да се инсталира Windows 11 на неподдржан компјутер, а исто така Microsoft Defender почна да ја означува како потенцијално малициозна една од најпознатите апликации за заобиколување на барањата за инсталација на Windows 11, FlyBy11.
Станува јасно дека Microsoft веќе не гледа само што повеќе корисници да го инсталираат Windows 11, нешто што е бесплатно, па од компанијата сакаат корисниците да почнат да купуваат нови компјутери.