Скопје, 5 февруари 2025 г. – Серијата паметни телефони Samsung Galaxy S25 беше официјално претставена во Скопје, означувајќи го почетокот на продажбата, која ќе започне на 7 февруари. На овој ексклузивен настан, присутните имаа можност први да ги искусат иновациите што ги носи најновата генерација на Galaxy уреди, вклучувајќи нова ера на вештачка интелигенција, која интуитивно ги разбира и се прилагодува на потребите на корисникот.

Настанот не беше стандардно организиран како претходните години. Претставувањето на Galaxy S25 серијата може слободно да се каже дека беше направено во стилот на светските настани со што се потврдува важноста на македонскиот пазар за Samsung. Од изборот на локацијата, до начинот на презентација, присутните гости и нивното запознавање со новите уреди, презентацијата на Galaxy S25 беше на највисоко ниво досега.

Беа претставени главните ѕвезди на денот – Galaxy S25 UltraGalaxy S25+ и Galaxy S25. Овие модели носат напредни технологии што комбинираат врвни хардверски компоненти и вештачка интелигенција за унапредено корисничко искуство. Со моќни спецификации и елегантен дизајн, Samsung нуди уреди кои го олеснуваат секојдневието и ги поедноставуваат задачите на корисниците.

Раководителот за односи со јавност од Samsung Electronics, Иван Полојац, нагласи како технологијата Galaxy AI е интегрирана во секоја точка на интерфејсот, а како One UI 7 создаде платформа каде секоја интеракција е беспрекорна. „Вашиот телефон сега го разбира контекстот на сето она што е на екранот – глас, слики, текст и многу повеќе – предвидувајќи ги вашите потреби и барања.“

Новата серија Galaxy S25 воведува клучни иновации кои го обликуваат корисничкото искуство. Прво, серијата S25 нуди вистински AI придружник, чиј AI агент овозможува поприродна и интуитивна интеракција. Во комбинација со интегрираната AI платформа се подобрува поврзаноста на уредите, додека персонализираната AI гарантира безбедност, приватност и прилагодени AI функции според потребите на секој корисник, правејќи ја оваа серија совршен AI придружник.

Друга клучна иновација се Напредните перформанси на серијата со реалистично гејминг искуство и значително подобрена термална ефикасност. Да не заборавиме, серијата Galaxy S25 работи на Snapdragon® 8 Elite for Galaxy, најмоќниот процесор досега во серијата S, со 40% подобрување на NPU, 37% на CPU, и 30% на GPU во споредба со претходните генерации.

И на крај, серијата Galaxy S25 обезбедува ултра-детални фотографии во секој опсег благодарение на сензорите со висока резолуција и ProVisual Engine, поставувајќи нов стандард за мобилната фотографија и обезбедувајќи совршено визуелно искуство со помош на AI. 

Гостите имаа можност да ги истражат новите функции на серијата Galaxy S25 преку интерактивните Galaxy димензии и од прва рака да ја доживеат моќта на вештачката интелигенција. Функциите како интуитивно пребарување на фотографии, паметни потсетници, моќните камери и напредната оптимизација на перформансите покажаа како Galaxy AI го подобрува секојдневното користење на паметните телефони, правејќи го поедноставно и поефикасно.

Покрај ексклузивниот прв поглед на новите уреди, гостите уживаа во релаксирано дружење со DJ, создавајќи совршена атмосфера за размена на импресии и дискусија за технолошките иновации кои ја обликуваат иднината на мобилната индустрија.

Серијата Samsung Galaxy S25 официјално ќе биде достапна за купување кај мобилните оператори и малопродажните партнери од 7 февруари. 

За повеќе информации за уредите, посетете ја официјалната веб-страница на Samsung.

Претходна статијаМакедонската револуција во вештачката интелигенција започнува со „ВИ СЕГА“
Следна статијаMicrosoft веќе не сака корисниците да го инсталираат Windows 11 на неподдржани компјутери