Инсталирањето на Windows 11 на уред кој ги нема потребните спецификации официјално не е можно, но сепак има начини тоа да се направи. Како што е познато, Microsoft реши да оди со построги барања за користење на Windows 11, па тоа не се покажа баш како најдобра одлука за подоброто прифаќање на системот од страна на корисниците. 

Од компанијата сега ќе започнат со поставување на ознака, односно жиг на позадината кај уредите на кои се користи Windows 11, а не ги имаат потребните минимални спецификации. Оваа ознака е слична со таа која се користи за нелиценцираните верзии од Windows. 

Microsoft дури додава и предупредување при инсталацијата на Windows 11 на уред кој не ги има потребните спецификации, со кое им се истакнува на корисниците за можните проблеми, некомпатибилност, како и неважност на гаранцијата доколку дојде до штета. Корисниците сепак имаат можност да ја прифатат инсталацијата, па истата ќе продолжи. 

Од компанијата на страната за поддршка каде ги истакнуваат овие новини препорачуваат корисниците да се вратат на Windows 10, а даваат и насоки како истото може да се направи. 

Официјалната поддршка за Windows 10 истекува на 14 октомври 2025 година, а од компанијата за првпат им овозможија и на приватните корисници да доплатат за продолжена поддршка. 

Јасно е дека за земјите како нашата ќе има и други начини да се продолжи со користење на овој систем и да се добијат потребните ажурирања. 

Microsoft се доста критикувани за спецификациите кои ги бараат за Windows 11, со што директно ги насочуваат корисниците да мораат да купат нов компјутер. Иако Windows 10 има уште една година, тој се’ уште е главниот систем на пазарот, па тешко дека Microsoft ќе натера доволно корисници да дадат пари за нов компјутер, посебно во време на инфлација. 

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2Neowin
Претходна статијаiOS 18.2 со дополнителни Apple Intelligence функции може да се очекува една недела подоцна
Следна статијаВработен поднесе тужба против Apple со обвинување за целосно следење на уредите од вработените
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.