Според информациите од Марк Гурман од минатиот месец, Apple треба денес да ја пушти iOS 18.2 верзијата, односно и iPadOS 18.2, како и macOS 15.2. Оваа верзија може да се каже дека е доста важна за компанијата поради тоа што ги донесува повеќето најавени Apple Intelligence функции, па ќе остане само поголемото подобрување на Siri идната година. 

Сепак, изгледа пуштањето на овие верзии нема да се случи денес, па тоа може да се очекува идната недела, односно идниот понеделник на 9 декември. 

Како доказ за истото се смета тоа што се’ уште не е пуштена „Release Candidate“ верзијата од системите, нешто што секогаш претходи пред пуштањето на финалната верзија. 

Денес се очекува пуштањето на RC верзијата, па ако тоа се случи може да се смета како потврда за пуштањето на финалната идниот понеделник. 

ИЗВОРCult of Mac
Претходна статијаКС Групацијата ја продолжува својата мисија за поддршка на образованието
Следна статијаMicrosoft ќе додаде ознака на позадината од Windows 11 инсталиран на уред кој не ги задоволува барањата на системот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.