Фото: Shutterstock.com

Амар Бакта, вработен во Apple, поднесе тужба против компанијата во државен суд на Калифорнија, а обвинувањата може да се каже дека се доста сериозни. Тие почнуваат со дел којшто е очекуван и претпоставувам практика на повеќето компании, но тврдењата одат до степен кој ќе отвори одредени прашања за компанијата. 

Бакта тврди дека Apple ги следат своите вработени, дури и кога не се на работа. Тоа го прават преку уредите, кои мора да бидат од компанијата дури и кога се приватно купени. Вработените можат да изберат помеѓу службен уред или приватен, а дури и кога ќе изберат приватен, на него мораат да инсталираат софтвер кој на Apple им овозможува да ги следат сите работи на тој уред, како слики, текст, локација и слично.

Доколку за корисниците Apple екосистемот се нарекува затворена градина, Бакта истакнува дека за вработените тој е затворски двор, за работното време, но и потоа, а вработените се подложени на „окото на Apple кое гледа се“. 

Во тужбата се истакнува и тоа дека вработените не смеат да разговараат за својата работа на подкасти, на пример, а не смеат да пишуваат за нивните активности и услови на страни како LinkedIn. 

Јасно е дека кога се користи службен телефон приватноста на тој уред е на доста ниско ниво, но можноста за следење на активностите и на приватните уреди на вработените е нешто што сигурно ги поминува границите. 

Apple се познати по строгоста кога се во прашање информациите кои би можеле да излезат, па ќе видиме колку од тврдењата на оваа тужба се точни и каква ќе биде судската одлука. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMicrosoft ќе додаде ознака на позадината од Windows 11 инсталиран на уред кој не ги задоволува барањата на системот
Следна статијаНа 4 и 5 декември во Скопје се одржува Конференција за енергетика на Југоисточна Европа 2024
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.