Уште од претставувањето на Windows 11, Microsoft најави дека компјутерите кои имаат постари процесори, односно процесори без TPM 2.0 чип, нема да бидат компатибилни со овој оперативен систем. Иако на некомпатибилните компјутери им беше дозволено да го инсталираат Windows 11 кој е моментално достапен преку Windows Insider програмата, беше најавено дека сепак нема да можат да продолжат да го користат кога ќе стане достапна официјалната верзија.

Од компанијата оваа недела објавија е дополнување на информацијата за што е тоа што ќе се случува со некомпатибилните компјутери, па иако дозволија уште неколку процесори пред осмата генерација од Intel да функционираат со Windows 11, во главно ограничувањето остана. Тие кои ќе го инсталираат системот преку ISO датотека или алатката од страната на Microsoft, нема да можат да инсталираат надградби.

Сега Microsoft почна да ги известува корисниците на Windows 11, во dev и beta каналите, чии компјутери не се компатибилни, дека тие треба да го инсталираат Windows 10 доколку сакаат да продолжат да добиваат надградби од Windows Insider програмата.

Дури и доколку се направи чиста инсталација на Windows 11, на корисниците не им се овозможува воопшто да се приклучат на Windows Insider програмата, што значи дека од Microsoft се решение да системот го користат само компатибилните компјутери.

Ова е доста поразлично од однесувањето на Microsoft со Windows 10, кога се обидуваа на повеќе начини што повеќе корисници да го инсталираат овој оперативен систем. Со Windows 11 многу корисници ќе останат без можноста за инсталација, па тоа ќе можат да го направат само со купување на нов компјутер.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаЕдна година по пуштањето LinkedIn ги откажува Stories
Следна статијаMicrosoft ќе претстави нови Surface уреди на 22ри септември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.