Фото: Shutterstock.com

Во септември минатата година LinkedIn се приклучи на трендот кој личеше дека нема мрежа која не го прифаќа, со воведување на LinkedIn Stories. Нема потреба од објаснување на оваа функција за слики и видеа кои исчезнуваат за 24 часа и се прикажуваат на посебен дел од апликацијата.

Сега од мрежата се одлучија дека веќе нема потреба од достапност на функцијата и истата ќе биде тргната до крајот на овој месец. Како главна причина за откажувањето на Stories се истакнува искуството на корисниците, кои покажале дека сепак на оваа професионална мрежа, повеќе сакаат да објавуваат видеа кои ќе останат на нивниот профил.

„Сакате видеа кои ќе останат на вашиот профил, а не да исчезнат. Развивајќи ги Stories, ние претпоставивме дека луѓето би сакале информативни видеа прикачени на нивниот профил и дека можноста за исчезнување ќе ја намали границата која луѓето ја чувствуваат за објавување. Испадна дека вие сакате да креирате видеа кои ќе останат кои ја раскажуваат вашата професионална приказна на повеќе личен начин и тоа ги покажува вашиот карактер и искуство.“ – истакнаа од LinkedIn.

Од мрежата најавија дека функциите од Stories, како што се можноста за додавање на стикери и слични ефекти, ќе станат дел од функцијата за објава на видеа. Оваа функција на LinkedIn ќе добие повеќе можности во иднина со оглед на тоа што се покажа дека корисниците тоа го бараат.

Twitter е уште една мрежа која се откажа од своите Stories, на оваа мрежа наречени Fleets. Од компанијата ги воведоа Fleets, но ги откажаа овој јули. Сепак, искуството покажа дека иако Stories се една од најмногу користените и популарни функции кај Instagram и Snapchat, не значи дека треба сите да ги воведат и да очекуваат голем успех.

ИЗВОРLinkedIn
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаWizz Air ќе воведе вакцинација против COVID-19 за екипажот
Следна статијаMicrosoft ги упатува кон Windows 10 корисниците на Windows 11 кои немаат компатибилен компјутер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.