Microsoft денеска закажа настан кој ќе се одржи на 22ри септември, а според сликата во најавата се гледа дека се работи за настан на кој ќе бидат претставени нови Surface уреди.

Во најавата нема никакви информации за што точно ќе биде претставено, па како и обично оставени сме на неофицијалните информации.

Настанот ќе се одржи само онлајн со почеток во 17:00 часот по македонско време, а ќе може да се следи преку страната на Microsoft. Се надеваме дека од компанијата го имаат решено проблемот кој се јавуваше со „стримот“ за време на претставувањето на Windows 11 или дека овој пат ќе пуштат и YouTube стрим.

Според неофицијалните информации, се очекува дека Microsoft ќе ги претстави Surface Pro 8, Surface Go 3, како и Surface Duo 2 кој е Android телефон.

Хибридните лаптоп компјутери треба да имаат освежен дизајн, повеќе сличен со тој кај Surface Pro X, кој има помали рамки околу екранот.

За Surface Duo 2 се очекува дека ќе има карактеристики како водечки телефон од 2021, за разлика од првиот модел кој имаше просечни и застарени карактеристики, иако чинеше 1.400 долари.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаMicrosoft ги упатува кон Windows 10 корисниците на Windows 11 кои немаат компатибилен компјутер
Следна статијаЗапознајте се со My HUAWEI: Сѐ од светот на Huawei во една апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.