На WWDC 2020 веќе ги видовме новите верзии од iOS и watchOS, а Apple има уште неколку новини за кои треба да се прочита. macOS е секако една од поважните „теми“ кога е во прашање Apple, па беа презентирани и новините кои ќе следат кај новата верзија од macOS, сега наречен Big Sur.

macOS Big Sur на корисниците им донесува можеби не до толку големи, но доволно промени кај корисничкиот интерфејс со што се работи на подобрување на изгледот и корисничкото искуство. Промени има кај „докот“, иконите на него, заобленоста и дизајнот на „прозорите“ кај апликациите и слично.

Корисниците исто така добиваат и променет дизајн кај центарот за известувања кој сега ги има и новите „виџети“ кои беа презентирани кај iOS 14.  Покрај центарот за известувања, подобрувања има и кај контролниот центар кој овозможува брз пристап до контроли како што се Wi-Fi мрежата, јачината на светлото на екранот и слично.

Со новата верзија од macOS една од поголемите промени доаѓаат кај Safari интернет прелистувачот. Корисниците добиваат можност за промена на изгледот на главната страна кога ќе се отвори Safari, со можност за избор на позадина, како и кои страни ќе бидат прикажани.

Safari исто така добива редизјанирани „табови“ за полесна навигација и сурфање, а исто така корисниците сега ќе имаат информација за тоа кои тракери ги има блокирани прелистувачот.

macOS Big Sur донесува подобрувања, исто како iOS 14, кај Messages апликацијата, а тука се и новините кај Maps.

ИЗВОРApple
Претходна статијаДиректорот на OnePlus најавува нешто ново преку Twitter
Следна статијаiPadOS 14 донесува подобрен дизајн на апликациите, како и подобрено функционирање на целиот оперативен систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.