Сите фанови на уредите на Apple долго време можеа со лесно „рутирање“ на уредот да ги користат сите апликации бесплатно и дури и целосно да го изменат корисничкиот интерфејс на оперативниот систем. Во најновата верзија на iOS, кој се користи во телефоните и таблетите на Apple, веќе нема да има “Jailbreak” можност и сите кои сакаат рутирање на својот телефон, односно отворање на можности кои инаку не се дозволени од производителот, ќе мораат да се префрлат на Android.
Имено, според најновите информации, Apple ќе вгради специјален систем за безбедност, кој ќе биде наречен “Rootless” и кој нема да дозволи навлегување во регистрите на оперативниот систем. Покрај тоа, овој софтвер треба драматично да ја подобри безбедноста, односно заштитата од вируси во iOS 9, кој во последно време се покажа како многу лесен за пробивање. “Rootless” ќе биде достапен и за Mac оперативниот систем за компјутерите.
Ваквиот развој на настаните не мора дефинитивно да значи дека на iPhone-ите и iPad-ите нема да може да им се направи “Jailbreak”, но тоа ќе биде многу потешко за оние кои ќе се обидат да го направат тоа. Да потсетиме, и Microsoft за Windows 8 најави дека нема да може да се направат пиратски верзии, но верувам многумина од Вас го читаат овој текст токму на таква верзија.
Сепак, засега едно е сигурно, а тоа е дека од трите најпопуларни еко системи кај паметните телефони, само Android може да биде рутиран кај сите надградби на оперативниот систем.
Извор: Ubergizmo