xray-970-80

Стандардната процедура кога се соменва дека има скршеница на некоја коска е да се отиде на рентгенски апарат кој ќе ја покаже истата. За жал, рентгенските зраци се штетни за телото и предизвикуваат пореметување на ДНК, што е причината поради која се гледа да се користат што помалку.

Воедно, тоа е причина да се посвети внимание на другите методи кои немаат таков оштетувачки ефект врз телото, како што е ултразвукот. Според најновата студија објавена во Emergency Nurse, ултразвукот е задоволително точен во откривање на скршеници врз коските. Имено, според наодите, 62% од пациентите биле откриени со помош на рентгенски зраци, а од нив 85% биле потврдени со ултразвук, што е задоволителен процент. Во тотал тоа се 53%, но кога се работело за скршеници на рацете процентот се качил на 87%.

Во студијата пишува дека: „Студијата сугестира дека ултрасонографијата е поверлив начин за откривање фрактури … и е разумно да се заклучи дека преносните ултразвучни уреди ќе играат уште поважна улога при прегледите на пациенти за кои има сомнеж дека имаат мали или дури и суптилни скршеници…“. Ова значи дека ако се подобри резолуцијата на ултразвукот ќе може целосно да ги замени рентгенските зраци како начин на скенирање на повредите на коските, а тоа би значело помалку оштетена кожа или внатрешни органи поради истото.

Извор: TechRadar, ScienceDaily

Претходна статијаМожат ли двајца луѓе повторно да ја населат Земјата?
Следна статија“Jailbreak” на iOS 9 треба да биде скоро невозможен