tile-template-adaptive

Неодамна, Microsoft најави можност за интеракција со живите плочки, кои се главен дел од интерфејсот на Windows 8.1 оперативниот систем. Во превод, доколку имате жива плочка за музичкиот плеер, ќе можете директно од нејзе да ги смените песните, односно да ги читате последните мејлови на живата плочка за мејл апликацијата. Многу слично на widget-ите за Android.

Иако оваа најава беше пред неколку месеци, во меѓувреме, и покрај целата фама која Microsoft ја направи со лансирањето на Windows 10, никој не спомна за ваквиот тип на живи плочки. Сепак, на минатонеделната конференција Ignite, Џери Никсон од Microsoft конечно спомна за интерактивните живи плочки и најави дека истите ќе дојдат во Windows 10 во понатамошна надградба. Причината за ова е што ваквите “live tiles” се и натаму во развој и дека многу скоро ќе можеме да ги видиме во Windows 10 смартфоните, односно лаптопите и компјутерите.

toast-windows-10-states

Покрај нив, Microsoft претстави и промени во живите плочки за дивелоперите. Имено, досега дивелоперите можеа да користат неколку различни дизајни на живите плочки, предложени од Microsoft, еден за предната страна на плочката, другиот за задната страна. Во Windows 10, ова веќе нема да биде така, односно дизајнерите ќе можат да користат целосно свој дизајн и со тоа да внесат многу нови можности.

Една од најважните промени за корисниците ќе бидат и “Toast Notifications”, односно нотификациите кои излегуваат во првите неколку секунди во горниот дел и со кои ќе може да се има директна интеракција. На пример, доколку ви стигне мејл, ќе можете директно да одговорите уште од самата нотификација, а ќе има и нотификации кои ќе го заземаат целиот екран, како календарот на пример.

Сите овие подобрувања може да доживеат промени до лансирањето на оперативниот систем на Microsoft и многу од нив и натаму се во експериментална фаза, но очигледен факт е дека Windows 10 ќе биде многу подобар оперативен систем од неговите претходници.

Извор: Windows Central

Претходна статијаРоботска јагула – решение за истражување на Европа, сателитот на Јупитер
Следна статијаХаваи сака да достигне 100% ниво на енергија од обновливи извори до 2045