robot_eel_in_space

Човештвото изгледа се „досади“ со Месечината, па покрај „хистеријата“ околу Марс се активира во истражување на другите планети и небески тела во Сончевиот систем. Тоа е една благородна мисија која може да овозможи обединување на човештвото кон заедничка цел.

Можеби огромните вселенски тела како Јупитер и Сатурн не се погодни за истражување одблиску поради исклучиво непријатните услови кои ги пружаат на опремата, но нивните природни сателити се една интересна точка на внимание која може да се испитува. Па така, во иднина треба да се очекува испитувањето на сателитите Европа, Јо, Титан и така натаму.

Кога се работи за Европа, вториот сателит на Јупитер, од најновиот натпревар на NASA за дизајни на роботизирани истражувачи победи роботската „јагула“. Концептот на работа е интересен – јагулата се спушта во морињата на Европа и плива на ефикасен начин како што плива вистинска јагула. Енергијата ја добива делумно преку електролиза, а поголем дел од прибирање на наизменичните магнетни полиња кои постојат на „површината“ на овој сателит.

Инаку, натпреварот на NASA се вика Innovative Advanced Concepts (Иновативни напредни концепти; NIAC). Во првата фаза на натпреварот тие дизајни кои поминаа добиваат средства во висина од 100.000 долари за да можат да се остварат, а 500.000 долари ако бидат избрaни во втората фаза. Тие треба да докажат дека се изведливи за градење и функционирање во период од 9 месеци.

Ваквите дизајни ќе овозможат подетално истражување на Сончевиот систем, откривањето на спецификите на другите вселенски тела во него и продлабочување на нашето знаење во космологијата. Со нестрпливост ги чекаме првите фини снимки од разноликите вселенски тела што се вртат околу Сонцето заедно со нас.

Извор: Engadget, The Register

Претходна статијаГлобалните просечни концентрации на јаглероден диоксид достигнаа рекордното ниво
Следна статијаИнтерактивните живи плочки доаѓаат во Windows 10