shutterstock_189039887_0

Само што пишувавме за ефикасноста на сончевите панели и енергијата од обновливи извори, пристигнуваат нови вести од овој домен. Имено, американската сојузна држава Хаваи само што донесе предлог-закон кој ќе осигура дека овие острови до 2045 година целата своја енергија ќе ја обезбедуваат од обновливи извори. Сега останува уште гувернерот Дејвид Ајг да го потпише предлогот за да постане важечки закон (кој ќе стане важечки дури и ако не одлучи по него било како).

Во текстот за ефикасноста на сончевите панели пишувавме за насоките на ЕУ до 2050 година да се постигне 100% енергетско задоволување од обновливи извори. Хаваи очигледно сака да го престигне и овој рок, и тоа поради повеќе причини. Во моментов, енергијата која се произведува на овие острови е во главно од геотермални извори и со помош на фосилни горива. Со оглед на тоа што Хаваи не е дел од копното, цената на фосилните горива е дури до 3 пати поголема за да ја купат кај нив него во другите сојузни држави. Така што очигледно е дека имаат јасна привлечност во енергија од обновливи извори.

Постоењето на вулкански активности ја олеснува оваа цел со оглед на тоа што оваа енергија веќе се употребува во создавање на енергија, топлинска и електрична. Хаваи исто така се наоѓа поблиску до екваторот од сите други сојузни држави, што овозможува многу сончеви часови во годината – одлична шанса за фотоелектрични панели и за концентрирана сончева енергија.

Светот длабоко нагази кон изворите на обновлива енергија и наликува дека за половина век отсега ќе бидеме сведоци на многу поодговорно создавање и трошење на енергијата на глобално ниво.

Извор: IFLScience, GreenTech Media

Претходна статијаИнтерактивните живи плочки доаѓаат во Windows 10
Следна статијаИскуството на Google со нивните само управувачки автомобили после скоро 3 милиони километри