4402-spsaps-photovoltaic-power-facilities-4059

Веќе подолго време производителите на сончеви панели се трудат да ја зголемат нивната ефикасност. Во главно се разгледува околу типот на полупроводник кој се користи, начинот на апсорпција, како температурата на панелот влијае врз ефикасноста и слично. Но помалку се експериментира во наноструктурата на самиот материјал. Неколку научници сега го имаат направено токму тоа и тоа на доста интересен начин.

Имено, научниците при Northwestern универзитетот употребиле Блуреј дискови за да ја зголемат ефикасноста на сончевите панели за цели 22%. Практично, тие земале еден Блуреј диск (во нивниот случај Полициска приказна 3: Суперцајкан од Џеки Чен) и ја искористиле неговата површина составена од разни бразди и испакнатини за да направат калап, по кој после ја уредиле површината на самиот полупроводник – овозможувајќи го огромното зголемување во ефикасност и искористеност на сончевата енергија. Денешната ефикасност на сончевите панели е околу 15-20%, а тие со оваа техника успеале да ја зголемат на цели 40%.

blurayimage -1.jpg20cc5e40-c13c-43e5-b9d5-27f1ccfe29a2Large-1

Доброто при користење на оваа техника е што е прилично лесно да се направи калапот кој потоа може да се пренесе на сончевите панели. Во основата, полуслучајните бразди и испакнатини предизвикуваат панелот да има поголема површина по која удираат фотоните, а воедно и полесно да се предизвикува движење на електроните поради свитканоста и набиеноста на многу точки на површината кои ги нема при стандардните, мазни сончеви панели.

Потенцијалната лоша работа при користење на овој метод на зголемување на ефикасноста е што може да се јават разни издавачки куќи со барање да им се плати зошто  бил искористен нивниот диск и/или филм за создавање на нерамната површина. Но верувам дека инженерите лесно ќе можат да искористат снимка од бел шум за да избегнат тужби од алчните држачи на авторски права. Со ваквото зголемување на ефикасноста можеби конечно човештвото ќе може да почне да се трга од фосилните горива, што е всушност и план на ЕУ за 2050 г. при што очекува барем 50% од целата енергија да доаѓа од обновливи извори.

Извор: Geek, Extreme Tech

 

Претходна статијаSamsung започна со пуштање на Android 5.0 надградбата за Galaxy S5 во Полска
Следна статијаАуди систем за зголемување на ефикасноста на градското возење