Новата верзија за оваа година од macOS официјално ќе им биде пуштена на корисниците од 25ти октомври. Како и обично, корисниците ќе можат да направат едноставна надградба на нивниот компјутер бесплатно, директно преку системот за надградба на оперативниот систем.

Како што почна да практикува изминатите неколку години, macOS Monterey им беше достапен на корисниците во бета форма да го пробаат порано, а не само на програмерите како што се правеше порано. Тоа значи дека, како што е случајот со Windows, како корисник на Mac компјутер, најновата верзија од оперативниот систем можете да почнете да ја користите неколку месеци порано.

За тие кои сепак не сакаат да си имаат работа со бета софтвер, финалната верзија ќе им стане достапна од понеделник. Поддржани ќе бидат компјутерите кои се во главно купени во 2015 година, од 2017 за iMac Pro, 2014 за Mac mini, а 2013 за Mac Pro.

Поради тоа што Apple од минатата година почна да развива сопствен чип, не сите функции во macOS Monterey ќе им бидат достапни на корисниците на постарите модели.

Инаку, macOS Monterey не е голема надградба и истата во главно вклучува одредени подобрувања и нови функции како Focus, новини кај Safari и FaceTime и слично.

ИЗВОРARSTechnica
Претходна статијаНов дел за безбедност на податоците во Play Store ќе биде пуштен во февруари 2022
Следна статијаGoogle ги претстави Pixel 6 и Pixel 6 Pro со нивниот Tensor чип, подобрени камери и Android 12
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.