Доколку сте корисник на уред кој што работи на iOS 8, денеска е достапна нова надградба за оперативниот систем. За разлика од претходната, која што во главно беше насочена кон донесување на нови функции, односно Continuity и Apple Pay, оваа верзија вклучува исправки на багови, како и подобрување на перформансите.
Можеби најмногу корист од 8.1.1 верзија од системот ќе имаат сопствениците на постарите уреди кои што ја поддржуваат оваа верзија. Тие со оваа надградба треба да добијат подобрување на перформансите, нешто што знае да биде проблем за постарите уреди. Кога на уред стар неколку генерации ќе му инсталирате најновата верзија од оперативниот систем, често се случува тој да работи полошо од тоа што сте биле научени пред инсталацијата. Оваа надградба би требало да среди голем број од таквите ситуации, па корисниците на постарите модели да го добијат најдобро можно искуство.
Како постари модели за кои што се однесува најмногу оваа надградба се iPhone 4S, iPad 2 и iPod 5-та генерација. Надградбата е достапна за сите уреди понови од наведените и доколку сте корисник на некој од нив, можете да проверите за достапни надградби преку самиот уред.
Извор: The Verge, AppleInsider, Ars Technica