B2o7eblIYAAoARx.jpg large

YotaPhone е паметен телефон од руската компанија Yota која што се занимава покрај со производство на паметни телефони и со телекомуникациски услуги. Она по што е познат телефонот од оваа компанија е вклучувањето на два екрани, еден на предната страна и уште еден екран на задната страна. Задниот екран е направен во EPD (Electronic paper display) технологија која што овозможува работење на екранот цело време, поради тоа што тој троши енергија само при менување на работите на него.

Вклучувањето на ваков екран на задната страна, покрај тоа што го прави овој телефон одличен за читање на книги, ваков екран користат познатите е-читачи на книги како Kindle од Amazon, има и уште неколку додатни предности. Секогаш можете да знаете дали имате добиено некаква нотификација, како и за што таа се однесува, без притоа да го вклучувате главниот екран. Исто така овој екран троши многу малку енергија, па ја заштедувате вашата батерија.

YotaPhone2 беше најавен во Февруари оваа година, а неговото претставување беше најавено за некаде на крајот од истата. Денеска преку својата Twitter сметка, YotaPhone официјално го најави претставувањето на 2-рата генерација од овој телефон за 3-ти Декември. Повеќе информации за телефонот ќе бидат објавени на неговото претставување, но сепак има доволно и сега за да го привлече вниманието на љубителите на технологијата.

Главната маана на првиот YotaPhone беше тоа што задниот екран не работеше на допир, што го правеше неговото користење многу незгодно. Предниот екран исто така беше со нешто пониска резолуција, па овој концепт телефон иако навистина интересен, остави доволно простор за подобрување.

Втората генерација е најавено дека ќе вклучи заден EPD екран кој што ќе може да се користи со допир. Ова ќе овозможи да сите активности на телефонот ги извршувате многу едноставно преку овој екран, па со тоа да заштедите батерија доколку тоа е потребно.

Предниот екран ќе биде награден на Full HD резолуција, со што ќе се добие квалитетен екран на двете страни. Исто така екранот ќе биде поголем, односно ќе биде со големина од 5 инчи, а процесорот на кој што треба да работи се очекува да биде веќе нешто постариот Snapdragon 800.

Извор: Twitter, TechCrunch

Претходна статијаДостапен iOS 8.1.1, донесува подобрување на перформансите на постарите уреди
Следна статијаБлогерите и твитерџиите од Македонија ќе се наградуваат по третпат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.