313px-Nokia_wordmark

Nokia како што знаете продолжи да функционира по купувањето на дел од неа од страна на Microsoft. Оваа компанија беше заинтересирана само за делот од Nokia кој што ги правеше овие познати телефони, па остатокот од компанијата продолжи да функционира под истото име.

Овие денови видовме дека работите се раздвижуваат околу тоа кој ги користи имињата од оваа компанија, па Microsoft продолжи да го користи само името Lumia оставјаќи го Nokia, вклучувајќи ги и промените на социјалните мрежи.

Од Nokia претставија план за тоа како тие сакаат да го продолжат овој бренд во опаѓање додека тоа не биде касно. Тие планираат да го лиценцираат користењето на брендот Nokia на други компании кои што ќе прават производи со ова име. Покрај брендот тие планираат да го лиценцираат користењето на технологиите кои што ги развиваат, како и патентите кои што ги поседуваат.

Од Nokia нагласуваат дека ќе прават избор на тоа кој ќе може да го лиценцира нивниот бренд, а производите ќе изгледаат исто како да се направени од нив. Со тоа треба да се продолжи животот на ова познато име кое што се добиваше впечаток дека постепено ќе биде заборавано.

Инаку од Nokia според договорот направен со Microsoft не можат да прават паметни телефони со нивното име до крајот на 2016 година, додека за обичните мобилни телефони уште 10 години. Се верува дека од компанијата планираат да го лиценцираат брендот на некоја компанија која што ќе започне со производство на Nokia паметни телефони од крајот на 2016 година.

Доколку тоа така испадне, можеби конечно ќе видиме паметен телефон од Nokia кој што работи на Android, но не изменет и направен да личи на Windows Phone. Исто така, тоа е доста време, па можеби на некоја компанијата повторно да и одговара да прави телефони со Windows оперативниот систем.

Извор: Engadget, Nokia, The Verge

Претходна статијаNokia продолжува со работа, ќе претстават нов производ утре
Следна статијаДостапен iOS 8.1.1, донесува подобрување на перформансите на постарите уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.