welcome_cpus-f1eca6df18aef8c0533b85dda91fa6df

Досега достапни само за програмерите, новите бета верзии од iOS 9 и OS X El Capitan се достапни за тестирање и од обичните корисници. За да можете да ги инсталирате бета верзиите потребно е да се регистрирате со вашата Apple сметка на следниот линк.

По регистрирањето и пријавата на вашиот уред кој што би сакале да го надградите на бета верзијата, истото се прави преку самиот оперативен систем, односно преку iTunes за iOS.

Како и секоја друга бета верзија, така и од овие оперативни системи, иако доволно стабилни за користење, не се препорачува да се инсталираат на вашиот главен уред. Работата со нив може да вклучува одредени багови кои што треба да бидат средени до официјалното пуштање за сите корисници, што е и главната цел на бета верзиите.

Корисниците кои што не би сакале да останат на бета верзијата, можат да ја инсталираат претходната најнова верзија од оперативните системи, а инсталацијата да ја вратат од направениот бекап на системот од пред надградбата.

Новите верзии на двата оперативни системи од Apple, во главно не се со голем број на нови функции, односно во главно донесуваат подобрување на стабилноста, како и средување на одредени багови и проблеми со перформансите.

Како и да е, iOS 9 и OS X El Capitan доаѓаат со одредени новости за кои што можете да прочитате во претходните статии објавени при нивното претставување.

Извор: The Verge, VB

Претходна статијаIBM направи чип со транзистори од 7 nm!
Следна статијаGoogle ќе лансира нови Glass Enterprise Edition очила
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.