Shutterstock.com

Можеби оваа информација нема да ги засегне голем дел од корисниците на Windows 7 (па и Windows 8.1) на нашите простори, поради тоа што повеќето сигурно користат пиратска верзија од оперативниот систем, но сепак можеби ќе се најде како корисна за некого.

Windows 7 од вчерашниот ден, односно 14-ти јануари 2020, нема да добива поддршка од Microsoft, а тоа значи дека веќе нема да добива безбедносни надградби и исправки. Корисниците кои ќе решат да продолжат да го користат овој оперативен, покрај одредена некомпатибилност која веќе ја има, сега ризикуваат и потенцијално безбедносни проблеми за нивниот компјутер.

Доколку размислувате за надградба на Windows 10 на вашиот компјутер кој има легална лиценца за Windows 7, истото можете да го направите бесплатно, како што беше возможно во првата година по претставувањето на Windows 10.

Во основа, според информациите, Microsoft никогаш целосно не ја прекина можноста за бесплатна надградба, па сите кои се имаат обидено да ја направат, тоа успешно го имаат направено.

Се што треба да се направи е да се симне алатката за надградба од оваа страна на Microsoft, па да се избере „Upgrade this PC now“. Процесот на надградба ќе заврши и во делот за лиценца ќе стои дека истата е активна и легална.

Според некои информации, ова е можно да функционира дури и со пиратските верзии од Windows 7 кои се „кракнати“ како што треба, односно на кои им стои дека верзијата им е активирана, но тоа не можеме да го потврдиме.

Доколку се решите за надградба на Windows 10, секако ќе мора да направите бекап на најпотребните податоци, а поради големата разлика од двата оперативни, можна е појава на проблеми при инсталацијата.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаНајновиот безбедносен пропуст на Windows 10 беше откриен и пријавен од страна на NSA
Следна статијаРСБСП со одговори: Која е целта и како правилно да користите сигурносен појас ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.