apple-pay-2

Apple Pay е нов систем достапен на iPhone 6 моделите кој што треба да ги замени платежните картички при купувањето на производи. Може да се каже дека ова е меѓу ретките навистина корисни нови функции претставени во време кога најчесто читаме за подобри процесори, нови дизајни и слично.

Apple Pay работи на тој начин што ја внесувате вашата кредитна или дебитна картичка во Passbook апликацијата со едноставен процес на внесување на бројот на картичката и нејзино регистрирање во банка. Картичките исто така може да бидат внесени преку камерата, односно препознавање на бројките. Моментално, како што би очекувале, ова е достапно за корисниците во САД. Кога внесувањето на картичката во Passbook е завршено, можете да почнете да плаќате со вашиот iPhone, наместо со вашата платежна картичка.

Apple Pay стана официјално достапен со претставувањето на iOS 8.1 оваа недела.

Системот работи со комуникација преку NFC чиповите кои што за првпат се вградени во iPhone 6 моделите. Во САД веќе одреден период пос-терминалите се опремени со вакви чипови за повеќе намени, па повеќето продавници се веќе компатибилни со Apple Pay. Кога ќе дојде време за плаќање, се што треба да направите е да го приближите телефонот до терминалот (истиот не мора да биде отклучен), по што веднаш се појавува системот за наплата. Наплатата ја завршувате со вашиот прст, односно со користење на TouchID сензорот за отисоци.

Бидејќи овој систем не е достапен во нашата земја, ви го прикажуваме видеото направено од страна на Mashable порталот во неколку продавници во New York. Може слободно да се заклучи дека иако не скратувате многу време во споредба со користењето на платежните картички, дефинитивно е побрзо. Исто така, брзината не е главната предност на овој систем. Користејќи го Apple Pay добивате подобра заштита на вашите податоци, а плаќањето го вршите со посебно генерирани бројки, наместо вашата сметка. Вашите вистински податоци се чуваат во посебен дел од хардверот на уредот.

Извор: Mashable

Претходна статијаHendo e првиот вистински лебдечки скејтборд
Следна статијаGoogle го претстави Inbox, нов email концепт за подобра организација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.