logo-intro

Слободно може да се каже дека ова е до некаде изненадување, со оглед дека од компанијата активно работат на развој на Gmail, но сепак Google претстави нова email апликација наречена Inbox. Но, да не ве збуни, не се работи за посебен email сервис, односно Inbox работи преку Gmail, направен е и развиван од страна на развивачите на Gmail и претставува нов начин на организирање и користење на вашиот инбокс.

Моментално е во фаза на тестирање и можете да го користите само доколку добиете покана за која што можете да се пријавите со испраќање на email на inbox@google.com. Доколку добиете пристап до Inbox, ќе можете да праќате покани до вашите пријатели. Inbox работи како апликација на Android и iOS, а исто така е достапен и како веб апликација за компјутерите. Сите ваши Gmail пораки ќе бидат достапни и во Inbox.

Она што Inbox го прави е унапредување на системот на групирање на пораките започнат во Gmail. Па така, пораките ќе бидат групирани според нивната тема, а истите многу лесно ќе можете да ги намалите доколку не ве интересираат, па ќе ја добивате само категоријата која што ви е најважна. За разлика од Gmail, категориите не се претставени како посебни табови, па се очекува поинтуитивно нивно користење. Не знаеме за вас, меѓутоа табовите со категории е нешто што многу ретко го користиме во Gmail, па можеби овој начин би бил подобар.

intro-product

Исто така, целта на оваа апликација е да добиете што повеќе информации без да ја отворите самата порака, па секогаш кога може, ви се прикажани дополнителни информации од пораката, а не само првите редови од нејзиниот текст. Така на пример, доколку добиете порака со слики, истите ќе бидат прикажани под насловот, доколку добиете порака со сметка од некоја нарачка, под насловот ќе биде прикажан производот кој што го имате нарачано и слично.

Inbox исто така ќе можете да го користите и како паметен асистент и потсетник. Иако постојат и други апликации со таква намена, сега и оваа ќе можете да ја користите за креирање на одредени потсетници и организирање на вашето време. Она што сепак го прави Inbox понапреден и попаметен од другите е тоа што доколку наместите потсетник да се јавите во одредена продавница, Inbox ќе ги стави и контакт информациите од продавницата. Сигурно веднаш помислувате дека овие функции секогаш најдобро функционираат во САД, па ние би рекле дека ова е една причина нашите компании повеќе да ги користат онлајн сервисите.

Извор: Inbox, Google, The Verge

Претходна статијаApple Pay тестиран во вистински ситуации од страна на Mashable
Следна статијаПрва надградба на Windows 10 тест верзијата, донесува центар за нотификации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.