NASA

NASA оваа недела повторно се радува кога е во прашање нивниот Ingenuity хеликоптер кој трет пат успешно лета на црвената планета, односно на Марс. Овој трет лет беше и најсложен досега, односно Ingenuity леташе подолго време, а и со доста поголема брзина и на поголема површина.

За време на третиот лет, кој автоматски се извршува, а NASA ги испраќа командите преку Perseverance роверот, Ingenuity леташе повторно до висина од 5 метри, како и минатиот пат, но овој пат целиот лет траеше дури 80 секунди, за разлика од 51,9-те секунди во вториот лет.

Тоа што беше овој пат со доста поголем предизвик беше брзината на летање, а со тоа и поминатиот пат. Ingenuity овој пат леташе со брзина од 2 метри во секунда и помина оддалеченост од 50 метри.

Сето ова можеби звучи делува малку, но е повеќе од било кој тест направен дури и тука на Земјата, за време на тестирањето на хеликоптерот пред почетокот на мисијата.

Главниот предизвик и причината за овие тестови е летањето во ретката атмосфера на Марс која има густина од само 1% од таа на Земјата, а има и 1/3 од гравитацијата.

Фактот што летовите досега се покажуваат успешни, ќе влијае во наредните мисии кои почесто ќе вклучуваат и летало со нив, а посебно ќе користи за мисиите со луѓе кои би требало да се случат во наредните 10 до 20 години.  

NASA ги доби и објави првите слики во боја кои ги направи Ingenuity, а тука е и видеото од летот кое го има направено Perseverance.

ИЗВОРNASA
Претходна статијаHonda најави дека до 2040 ќе престане да продава автомобили кои работат на фосилни горива
Следна статијаМожевме и без Stowaway (2021)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.