По објавата на одличните и први слики од James Webb вселенскиот телескоп, со досега недостигнат квалитет и детали, NASA објави слика од таканаречената Cartwheel галаксија.

Оваа галаксија е оддалечена од Земјата околу 500 милиони светлосни години и се наоѓа во Sculptor соѕвездието од галаксии. Името Cartwheel го добива поради изгледот кој е налик тркало од кочија кој е добиен како резултат на судирот на две галаксии, една голема спирална и уште една помала.

Како што може да се види од сликата, галаксијата навистина наликува на тркало, со два прстени кои се прошируваат нанадвор. Внатрешниот прстен подобро се гледа на сликата и емитува посилна светлина, додека надворешниот прстен послабо се гледа поради големата количина на вселенска прашина.

Ова е и причината зошто досега не беше возможно да се направи вака детална слика од галаксијата, па James Webb со своите NIRCam и MIRI камера и инструмент успева нешто што претходниците не можеа.

Од NASA истакнуваат дека светлото јадро има огромна количина на прашина, а најсветлите делови се огромни кластери на млади ѕвезди. Од друга страна, надворешниот прстен, кој се има проширено 440 милиони години, е составен од ѕвезди и супернова ѕвезди.

The Cartwheel галаксијата, за разлика од нашата која е спирална, е прстенеста, а тоа може да се види и од самата слика.

ИЗВОРNASA
Претходна статијаДетското штедење Халки доби свое лого
Следна статијаНаучници користат мртви пајаци како роботски раце за пренесување на мали работи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.