NASA оваа недела ги доби првите слики од James Webb вселенскиот телескоп кој беше лансиран пред крајот на минатата година и ова лето официјално започна со работа. Работата на телескопот е надгледувана од страна на NASA, во соработка со Space Telescope Science Institute, вселенските агенции на Европа и Канада, како и други партнери.

James Webb е прв ваков телескоп и е доста понапреден од најпознатиот досега, Hubble телескопот. Со James Webb се планира да се види најдалеку досега, односно најдалеку во минатото на универзумот, а со тоа ќе се одговорат многу прашања поврзани со неговите почетоци. Телескопот исто така треба да даде најдобра слика досега за нашиот сончев систем, да види најдобро досега во други галаксии, околу други ѕвезди, а се очекува да даде голем придонес и за црните дупки.

Првата слика која беше објавена е од кластерот од галаксии наречен SMACS 0723 и покажува колку густо „населен“ е универзумот. Сликата од гледна точка на Земјата е од дел мал колку зрно од песок, но е полн со галаксии и ѕвезди.

Во текот на вчерашниот ден од NASA ги објавија останатите слики кои беа испратени од James Webb, односно три дополнителни слики. Сликите ги прикажуваат Southern Ring Nebula, група на галаксии наречена „Stephan’s Quintet“ и Carina Nebula која изгледа како космички ридови и планини.

Southern Ring Nebula е оддалечена од Земјата 2500 светлосни години и досега астрономите не биле во можност да ја „видат“. Во центарот на овој вселенски објект е ѕвезда која „умира“ и илјадници години испушта гасови и прашина во вселената, креирајќи ја оваа преубава слика.

Stephan’s Quintet исто така овозможува слика досега невидена со претходните телескопи. Оваа слика прикажува група од 5 галаксии, а оваа слика е и најголемата од оваа серија на слики и е составена од 1000 посебни датотеки.

Carina Nebula изгледа како да е составена од планини, ридови и долини, а од NASA истакнуваат дека од оваа небула се гледа простор каде се креираат нова ѕвезда.

Претходна статијаЗабавата не запира – нова промоција во мобилната припејд телефонија на А1
Следна статијаМакедонскиот процесор КАСИС склучи договор со финтек компанијата РУБИКОН од Албанија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.