После успешното лансирање, заземање на позицијата и активирање на системите и нивна калибрација, James Webb вселенскиот телескоп официјално започна со работа. Како што се најави за ова лето, ги имаме и првите слики, а една од главните задачи на телескопот е да види најдалеку досега од било кој негов претходник.

Од NASA најавија дека повеќе слики ќе објават во текот на денешниот ден, а сликата која е објавена е една од овие први слики.

Сликите се направени со Near-Infrared Camera од James Webb, камера која слика во инфрацрвен спектар кој не може да се види со човековото око. Добиените слики потоа се комбинираат и им се додава боја, зависно од спектарот, за да може да се добие слика како оваа што ја гледаме сега.

Ова е најдалеку што има „видено“ еден телескоп досега, па сликата „не враќа во минатото“ за 4,6 милијарди години.

Како интересен факт кој го даваат од NASA е тоа што сликата е земена на дел од небото кој од наша гледна точка е со големина на зрно песок поставен на оддалеченост колку што може да се издолжи раката. Се ова што се гледа на сликата е во само толку „мал“ дел од небото, но покажува колку е густо исполнет универзумот.

Кластерот од галаксии кој се гледа на сликата е наречен SMACS 0723, а може да се види и закривеноста на простор-времето поради гравитацијата. Како што истакнува познатиот Нил ДеГрас Тајсон, дел од галаксиите кои се гледаат на сликата поради тоа изгледаат како закривени, односно објаснува зошто така се гледаат.

На сликата повеќето објекти кои се гледаат се галаксии, додека неколкуте поголеми и со отсјај се ѕвезди во нашата галаксија Млечен Пат.

Сликата во поголема резолуција можете да ја погледнете во продолжение.

ИЗВОРNASA
Претходна статијаОбјавени документи за прекршување на законите од страна на Uber, лобирање кај политичари и уништување на докази при полициски проверки
Следна статија„Зајакнување на општинските совети“ ќе го стимулира локалниот развој во 40 нови општини
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.