Научници од Rice Универзитетот од САД дојдоа до нестандардна идеја за искористување на умрени пајаци како роботски раце со кои би можеле да се пренесуваат одредени мали работи.

Пајаците можат да носат до 130% од нивната тежина, како што се истакнува, што ги прави одлични во замислената задача за која научниците веруваат дека има практична примена. Засега овој проект е само концепт којшто треба да покаже на кој начин и што е можно.

Начинот на којшто се искористени пајаците е поради тоа како се движат нивните нозе. За разлика од човековите екстремитети, кои се движат со помош на мускулите како бицепс и трицепс, кај пајаците затворањето на нозете се прави со помош на еден мускул, додека нивното отворање преку хидрауличен систем кој испраќа притисок од централна комора во телото на пајакот.

Научниците го имаат искористено овој систем преку вградување на игла во телото на пајакот и со пуштање на воздух ги отвораат нозете, па со вадење на истиот, нозете се собираат.

„Се има погодено да тоа што се случува кога пајакот ќе почине да е перфектната архитектура за мала, природно изведена фаќалка.“ – истакна Даниел Престон од Rice Универзитетот.

Овој систем е објавен во журналот Advanced Science каде е детално објаснет.  

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаNASA објави уште една слика направена со James Webb телескопот
Следна статијаПрвиот говорник на TEDx од Балканот промовиран пред глобална публика од 35 милиони луѓе е од Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.