На 25ти декември минатата година, NASA успешно го лансираше нивниот најнов и досега најголем вселенски телескоп. James Webb Space Telescope, кој е направен во соработка со Европската Вселенска Агенција и Канадската Вселенска Агенција, ќе има за задача да види најдалеку во минатото досега и да ни открие многу повеќе за процесот на формирање на универзумот.

По успешното лансирање, James Webb телескопот успешно заврши уште еден важен чекор кој води од крајната цел, почнување со работа и праќање на првите слики. Три дена по лансирањето, телескопот го започнува процесот на отворање и местење на сончевиот штит кој е важен и суштински дел за неговата работа.

Штитот е замотан за да може да биде сместен во ракетата, па процесот на неговото отворање е сложен и траел повеќе од недела дена.

„Отворањето на сончевиот штит во вселената е неверојатен чекор, клучен за успехот на мисијата. Илјадници делови мораа да работат со прецизност за ова поставување – еден од најхрабрите потфати досега за Webb.“ – истакна Грегори Л. Робинсон, програмски директор на телескопот.

Сончевиот штит е составен од пет слоеви кои се со дебелина слична со човечко влакно и се обложени со метал кој ја одбива светлината. Со ова се постигнува заштита со SPF од 1 милион, односно се намалува зрачењето на Сонцето, како и индиректно од Земјата и Месечината, од 200 на дел од 1 киловат.

Температурата која се одржува е околу -200 степени целзиусови, а тоа е потребно за успешно „гледање“ на инфрацрвената светлина која е предмет на работа на овој телескоп.

Во процесот на отворање на сончевиот штит биле употребени 139 механизми, 70 шарки, 8 мотори, 400 котури и 90 посебни кабли.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2NASA
Претходна статијаApple стана првата компанија со пазарна вредност од 3 трилиони долари, иако само за кратко
Следна статијаSony го најави основањето на Sony Mobility Inc и влез на пазарот на електрични автомобили
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.