Фото: Shutterstock.com

На првиот ден на тргување во 2022, акцијата на Apple достигна вредност од 182,88 долари, со што компанијата успеа да достигне пазарна вредност од нешто над 3 трилиони долари. Apple е првата компанија која ја достигнува оваа вредност, а истата траеше само кратко.

На крајот од денот вредноста на акцијата беше 182,01 долар, со што вредноста на Apple падна на 2,99 трилиони долари. Иако краткотрајно, Apple влегува во историјата како една од највредните компании во светот, а нема знаци дека тоа нема остане така уште долги години.

Inc. магазинот одлично ја пренесува оваа вест, со ставање акцент на претставувањето на iPhone во 2007 од страна на Стив Џобс. Според нив, успехот на Apple се сведува на четири зборови кои Џобс ги кажува за време на презентацијата на iPhone, нешто што до ден денес ја одредува вредноста на компанијата.

Четирите зборови кои според Inc. се клучни за денешниот успех на Apple се „breakthrough internet communications device“, односно напреден уред за интернет комуникација.

Во тоа време, а посебно пред Џобс да покаже дека говори за еден уред, оваа изјава не им значеше многу на корисниците, а најмногу поради фактот што користењето на мобилните телефони за интернет не беше некоја посебно корисна работа.

iPhone навистина е уредот кој направи револуција кај овие уреди и целосно го промени начинот на којшто ги користиме мобилните телефони. Во денешно време се што е претставено може лесно да биде поврзано со првиот iPhone, а дефинитивно треба да му кажеме благодарам на Џобс за тоа што го донесе во светот или барем успеа да го направи масовно користено.

ИЗВОРInc.
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаSamsung го претстави The Freestyle: пренослив проектор за забава на секој чекор
Следна статијаJames Webb вселенскиот телескоп успешно го намести својот сончев штит, важен чекор пред почетокот со работа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.