Во рамките на CES 2022, каде беше претставена одличната нова генерација на телевизори, Sony го најави и својот втор прототип на електрично возило, а со тоа најави и целосно влегување на овој пазар.

За таа цел од компанија ќе основаат нова компанија, Sony Mobility Inc. која ќе работи на развојот на електрични автомобили, но ќе работи и на останатите производи кои влегуваат во дефиницијата на „mobility“, како што се роботи, дронови и слично.

Новиот прототип е во категоријата на SUV возила и е продолжување на возилото кое беше претставено исто така на CES пред две години. VISION-S 02 е моменталното име на возилото, но тоа секако не е замислено за продажба, туку само за презентација на технологиите со кои располага компанијата.

Иако не може да се каже дека Sony има искуство во производство на автомобили, тие сепак не се целосно надвор од оваа индустрија. Тие веќе работат со производи кои се поврзани со автомобилите, кои покрај аудио системите, вклучуваат и поголем број на сензори за автономните возила и слични употреби.

Од компанијата истакнуваат дека нивните возила ќе имаат неколку клучни карактеристики, односно ќе се сконцентрираат на безбедноста, прилагодливоста и забавата.

Сигурно ќе помине време додека може да очекуваме комерцијален производ од Sony Mobility, но сигурно оваа компанија ќе привлече големо внимание од страна на корисниците.

ИЗВОРReuters
Претходна статијаJames Webb вселенскиот телескоп успешно го намести својот сончев штит, важен чекор пред почетокот со работа
Следна статијаNvidia ја најави RTX 3090 Ti, нивната моментално најсилна графичка картичка на пазарот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.