За време на својата CES 2022 презентација, меѓу другите производи, Nvidia ја најави и својата досега најсилна графичка картичка, RTX 3090 Ti. Ова е посилната верзија од моментално најсилната картичка која е достапна во продажба, RTX 3090, која ќе ја замени оваа на пазарот како картичката која ќе ја бараат корисниците кои сакаат да го имаат најдоброто.

За цената на RTX 3090 Ti допрва ќе дознаеме, но кога ќе се земе во предвид дека RTX 3090 се продава за околу 1500 долари, може да се направи некакво очекување за можната цена.

Од тоа што е познато, RTX 3090 Ti ќе работи на GA102 чипот на кој работи целата 30 серија, но ќе им доволно подобрувања за да може да се оправда Ti додатокот во името. Се верува дека оваа картичка ќе донесе подобрување над 10%, што е одлично и треба да се земе во предвид дека се работи за истата серија, а не за нова.

Не е точно познато кога Nvidia официјално ќе ја претстави оваа картичка, но може да се очекува дека тоа ќе биде наскоро.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаSony го најави основањето на Sony Mobility Inc и влез на пазарот на електрични автомобили
Следна статијаSamsung на саемот CES 2022 ги претстави најновите модели MICRO LED, Neo QLED и Lifestyle телевизори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.