Во рамките на CES 2022, Sony ја претстави новата генерација на телевизори, односно моделите кои ќе бидат за оваа година. Нова верзија добија сите модели од компанијата, односно достапни се LED моделите, mini LED, како и OLED.

Главен модел во серијата е Z9K 8K, заедно со X95K 4K кои се mini LED модели, а тука на врвот се и новите A95K, A90K, како и A80K OLED моделите и на последното место повеќе класичниот X90K 4K „класичниот“ LED телевизор.

Подобрување има и кај двете истакнати технологии, односно и кај mini LED моделите и кај OLED. XR Backlight Master Drive овозможува одличен контраст и бои кај mini LED моделите, со точно одредување на потребата од осветлување. Quantum Dot OLED донесува уште посилна светлина и природни бои кај OLED моделите, нешто што веќе беше подобрено со ланските модели.

Sony оваа година ја подобрува Netflix Calibrated функцијата со додавање на можност за автоматско прилагодување. Тоа значи дека сликата која корисниците ќе ја гледаат ќе биде најблиска до тоа како е замислена за конкретниот филм, а оваа година и соодветно прилагодена на околината, односно на осветлувањето.

Уште една новина за 2022 го привлекува вниманието, а тоа е Bravia Cam. Дел од телевизорите доаѓаат заедно со Bravia Cam, а кај дел се докупува посебно. Како и да е, оваа камера овозможува повеќе функции, покрај очекуваната за користење при видео повици на Skype, Teams, Zoom и останатите апликации.

Bravia Cam ја следи околината и соодветно ја прилагодува сликата, од проценка на осветлување, па се до детектирање на тоа дали корисникот го гледа телевизорот или не, со што го вклучува режимот за заштеда на енергија, за телевизорот непотребно да не е пуштен на посилна светлина.

Со камерата исто така може да се контролира телевизорот, користејќи гестикулации со рацете, па за одредени активности, корисникот нема да има потреба да го користи далечинскиот управувач.

Од Sony истакнуваат дека Bravia Cam ќе може да се користи и со апликации, како на пример фитнес апликации, кои можат да видат дали одреден вежба се прави точно.

Сите телевизори го користат новиот, за првпат преставен минатата година, XR когнитивен процесор, кој од Sony истакнуваат дека во денешно време е поважен и од самиот панел за квалитетот на сликата.

Презентацијата на новите Sony модели на телевизори за 2022 на CES 2022, можете да ја погледнете во продолжение.

Претходна статијаНовите LG OLED TV доаѓаат со подобрени панели и првиот OLED телевизор со 97 инчи големина
Следна статијаБожиќен подарок: Празнична плејлиста од Sarah Mace & The Christmas Girls
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.