LightningBolt1-640x353

Истражувачот Џозеф Двајер летал во атмосферата пред неколку години со својот авион, на кој имал закачено разни сензори за анализирање на атмосферски феномени како молњи, притисоци и подпритисоци, движења на воздухот и слично.

Со неговиот пилот започнале да летаат кон некоја формација која изгледала како брегот на сојузната американска држава Џорџија, но набргу откриле дека нивната проценка е многу погрешна – и дека летаат директно во многу силна бура. Авионот почнал да нагло да оди нагоре и надоле пред да почне да паѓа надоле без контрола, по што Двајер помислил дека ќе умре. За среќа, преживеал, но по анализата на податоците од сензорите кои ги имал на авионот открил огромни повремени активности на гама зраци во рангот на 511 килоелектронволти.

Според него, тоа било индикатор дека во просторот каде прелетал со авионот имало облак од антиматерија кој се простирал на површина од 1 до 2 километри квадратни! Тоа што се случило е таквиот облак составен од позитрони дошол во допир со електрони, и нивниот спој предизвикал уништување на честичките и античестичките и ослободување на гама зраци – тие кои биле детектирани со авионот.

Иако е познато дека при бури во кои има молњи и громови се создаваат одредено количество на позитрони, не се очекува тоа да биде волкаво, па на Двајер се` уште не му е јасно одкаде се појавиле во толкав број тогаш. Неговиот план е да прати нов авион и меторолошки балони за да го испитува овој феномен и подлабоко да го истражи. Засега, ова нека остане како посилно предупредување да не летате директно во силни бури, ако воопшто ви беше потребно.

Извор: ExtremeTech, Gizmodo, Nature

Претходна статијаОва лето поевтинува роамингот од Србија, Црна Гора и БиХ
Следна статијаАмериканскиот апелационен суд ја потврди, но намали штетата што Samsung треба да ја исплати на Apple