IMG_3605

Корисниците кои што ова лето планираат да патуваат во Србија, Црна Гора или Босна и Херцеговина, ќе можат да разговараат додека се наоѓаат во таканаречената роаминг зона, за доста пониски цени.

Намалувањето на цените е дел од взаемниот договор кој што го потпишаа трите земји и нашата, кој што ќе почне да важи од 30-ти Јуни 2015. Сите земји освен БиХ, која што се очекува тоа да го направи наскоро, го имаат ратификувано договорот што е услов за неговото спроведување.

Намалувањето на цените, покрај разговорите, ги опфаќа и SMS пораките и интернет сообраќајот. Намалувањето на цените за разговор изнесува 73%, додека интернет сообраќајот се намалува за 90%. SMS пораките ќе чинат скоро исто како во нашата земја, односно нивната цена ќе биде 5,6 денари по порака.

Операторите веќе имаат свои понуди за роаминг преку бирање со посебен код пред бројот, па ќе видиме како новиот договор ќе влијае на овие цени.

Извор: Телма, АЕК

Претходна статијаFizzics – уред кој вашето евтино пиво ќе го направи прва класа
Следна статијаИстражувачки авион влетал во облак од антиматерија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.