Денес, во 13.00 часот, на плоштадот Македонија започнува  Фестивалот на италијанска храна, настан во организација на Амбасадата на Р. Италија и ITA – Italian Trade Agency, со кој се одбележува Неделата на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредности како заедништво, одржливост и иновативност.

Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе се обидат да ги доловат автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони, каде што секој вкус има своја приказна. Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки…Учесници на настанот се: Таверна Тоскана, Ла Тераца, Ботрега дел Вино, Еуролаб, Пица плејс, Боттега дел Густо, ИТА бренд, ЈЕС паста, Бира Морети и Таверна Наполи.

Настанот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.

Лотарија за сите оние кои ќе купуваат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите COIN CASA, BOTTEGA DEL GUSTО, BOTTEGA DEL VINO, EUROLAB, BIRRA MORETTI, YES PASTA, PIZZA PLACE и ITA BRAND. Во 13.00 часот настанот ќе го отворат Амбасадорот на Р. Италија, Андреа Силвестри и Сашко Коцев, кои на забавен и уникатен начин ќе ја претстават италијанската кујна.

Посетителите ќе можат да уживаат цел викенд со богата забавна програма до вечерните часови, со многу италијанска музика во живо, дружење и вкусна италијанска храна. Посебно музичко доживување ќе биде да се слушнат најголемите италијански хитови на сите времиња, од евергрините од 60-тите, 70-тите и 80-тите години во изведба на бендовите БОНАДЕА и НИКС до модерниот ремикс на последните летни хитови.

Претходна статијаApple ќе го ограничи времето на споделување со сите преку AirDrop
Следна статијаЕлон Маск не ја исклучува можноста Twitter да банкротира