По веста дека Apple го има ограничено периодот во кој корисниците можат да ја имаат вклучено функцијата за споделување преку AirDrop со сите на 10 минути, од компанијата потврдија дека оваа промена ќе биде пуштена за сите корисници во светот.

Причината поради која ова ограничување е воведено во Кина е поради демонстранти кои протестираат против властите, почнале да испраќаат анти-владини материјали на непознати луѓе преку AirDrop функцијата.

AirDrop има три опции, односно исклучена, вклучена само за пријателите и вклучена за сите. Последната опција овозможува секој кој има Apple уред да може да испрати нешто на тој корисник.

Дека промената се планира за сите корисници Apple како информација го потврдува на Марк Гурман од Bloomberg, а тоа би требало да се случи во наредните година дена.

Вклучувањето на AirDrop да биде достапен за сите сепак не е нешто што се препорачува. Зошто би го направиле телефонот достапен за секој да може да испрати што сака, иако процесот вклучува и прифаќање на тоа што е испратено, односно не се прифаќа автоматски.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаTask Manager во Windows 11 ќе добие можност за пребарување на процесите
Следна статијаФестивал на италијанска храна денес на плоштадот Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.