Microsoft оваа недела ја пушти верзијата 22623.891 во бета каналот од Windows Insider програмата за Windows 11. Оваа верзија донесува неколку новини од кои најмногу се истакнува една која е поврзана со Task Manager.

Оваа апликација веќе доби редизајн во стилот на Fluent Design, како и префрлување на табовите од горната на левата страна од апликацијата. Task Manager сега изгледа многу помодерно и не може да се користи за критика на Microsoft што се’ уште остава стари делови од Windows, дури и со големиот редизајн во Windows 11.

Новината која станува дел од Task Manager е можност за филтрирање и пребарување на процесите. Посебно поле е додадено на горната страна од апликацијата, па пребарувањето може да се започне со притискање на ова поле или со Ctrl + F.

Пребарувањето може да се прави според било кој вид на процеси кои се достапни во Task Manager, односно според бинарното име, PID или според името на компанијата која ја прави апликацијата чиј процес се бара.

Резултатите од пребарувањето ќе продолжат да се прикажуваат без разлика кој дел од Task Manager се користи во моментот.

Со оглед на тоа дека оваа новина се тестира во бета каналот, значи дека може да се очекува за сите корисниците во неделите што следат, но може да биде и за неколку месеци.

Microsoft во најавата на новините, истакнаа дека Task Manager добива и подобрување при вклучување на Efficiency режимот, како и во прикажувањето на избраната тема низ целата апликација.

Претходна статијаИТ е најперспективна индустрија за Македонија
Следна статијаApple ќе го ограничи времето на споделување со сите преку AirDrop
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.