Во понеделник идната недела, поточно 5ти јуни, започнува годинешната WWDC конференција наменета за програмерите. Како и кај другите слични конференции, WWDC е местото каде ќе ги дознаеме повеќето новини поврзани со оперативните системи од Apple, а се очекува и претставување на неколку нови компјутери, како и првиот уред за проширена реалност.

Од компанијата ги истакнаа неколкуте начини на кои може да се гледа настанот во живо, односно преку страната на настанот на овој линк, а според нас YouTube е секогаш најдобриот избор.

Видеото за настанот веќе е поставено на YouTube, што значи дека може да се притисне да се постави потсетник, па да не се заборави да се гледа. Инаку настанот ќе започне во 17:00 часот по македонско време.

Претходна статијаMozilla ќе овозможи безбедносна поддршка за Firefox на Windows 7/8/8.1 до септември идната година
Следна статијаФИТР со нов јавен повик за комерцијализација на иновативноста на македонските компании
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.