Поддршката за Windows 7, Windows 8/8.1 заврши во јануари оваа година, а со тоа и поддршката за повеќето интернет прелистувачи за овие верзии од Windows. Mozilla сепак не го направи истото, па продолжи да го поддржува нивниот Firefox на овие веќе доволно стари, но се’ уште популарни системи.

Оваа одлука на Mozilla е очекувана кога ќе се земе во предвид падот на популарноста на Firefox. Овој прелистувач едно време се очекуваше дека ќе може да го достигне Chrome, но тоа веќе одамна не е нешто ни приближно возможно. Со единствениот избор во Firefox, корисниците на овие три верзии од Windows може да останат верни на овој бренд и во иднина.

Поддршката за Firefox ќе остане до септември 2024 година, а истото ќе биде направено преку префрлување на корисниците на ESR верзијата, односно Extended Support Release. Ова ќе се направи автоматски со верзијата 115 од Firefox во јули, а истата има официјална поддршка до септември идната година.

За корисниците на Windows 7/8/8.1 ова значи дека новините кои ќе бидат дел од Firefox 115, ќе бидат и последните кои ќе ги добијат. Firefox ESR верзијата не добива нови функции во својот „животен век“, а добива само безбедносни надградби.

Mozilla им препорачува на корисниците да се префрлат на Windows 10, оперативен систем кој се’ уште е официјално подржан од Microsoft и тоа ќе биде така до 2025 година. Овој систем сепак веќе нема да добива нови функции, разбирливо со оглед на постоењето на Windows 11.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Mozilla
Претходна статијаПроф. д-р Ангелова, нов ректор на УКИМ: Потребна е многу работа за да имаме поквалитетно образование
Следна статијаApple ги потсети корисниците како можат да ја следат WWDC 2023 конференцијата идната недела
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.