Фото: Shutterstock.com

За време на годишната презентација на финансиските резултати на Amazon во февруари, беше најавено дека основачот и главен извршен директор Џеф Безос, ќе ја напушти оваа функција оваа година. Како негов наследник беше најавен Енди Џеси кој моментално е директор на еден од најважните делови во компанијата, AWS, односно делот за сервиси во „облакот“.

Безос сепак не ја напушта компанијата, па ќе се префрли на позицијата претседател на одборот на директори кој ќе има и извршна функција. Со тоа Безос ќе остане вклучен во работата на Amazon, без потреба од водењето на секојдневните работи.

Тоа што остана ненајавено беше точниот период кога може да се очекува оваа промена, па сега ја имаме и таа информација. За време на собранието на акционери на Amazon, беше најавено дека Џеф Безос ќе ја напушти сегашната позиција на 5-ти јули.

Како што беше најавено во февруари, позицијата главен извршен директор ќе ја преземе Енди Џеси, а на негово место AWS ќе го води Адам Селипски, директор на компанијата Tableau.

За Енди Џеси се истакнува дека е во Amazon 24 години и со тек на времето успешно напредува во компанијата до позицијата која ја има сега во еден од најважните сектори во компанијата.

Џеф Безос истакнува дека тој сега ќе сака повеќе да посвети внимание и на некои од другите негови бизниси, како што се познатата Blue Origin, како и Bezos Earth Fund.

Amazon оваа недела веќе беше на „насловните страни“ на вестите со објавата дека ја купуваат една од најпознатите филмски компании, MGM – Metro Goldwyn Meyer за скоро 9 милијарди долари. Со ова Amazon може да се очекува да понуди многу посилна конкуренција на Netflix, како и на Disney+, понудувајќи поголема оригинална содржина на нивниот Amazon Prime Video сервис.

ИЗВОРCNN
Претходна статијаПолноќно разочарување (2020)
Следна статијаИнвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува, реновирана и модернизирана бензинската станица во Виница
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.