Shutterstock.com

Во објавата во која се презентираат најновите финансиски резултати на Amazon, од компанијата информираа дека основачот на компанијата и досегашен главен извршен директор Џеф Безос, веќе нема да ја извршува оваа функција.

Тој сепак не си заминува од компанијата и ќе остане активен во нејзиното функционирање преку неговата нова функција, извршен претседател на одборот на директори. Тоа значи дека тој уште ќе има глас во секојдневното функционирање на Amazon, но сепак одлуките и работата ќе ги остави на својот наследник.

Функцијата главен извршен директор ја добива Енди Џеси кој досега беше главен на AWS делот од бизнисот на Amazon. AWS е еден од неколкуте главни светски бизниси кои нудат сервиси во „облакот“, па заедно со Google и Microsoft, може да се каже и дека нема друга сериозна конкуренција.

Џеф Безос испрати посебен имејл до вработените во Amazon преку кој им ја најавува промената, што се имаат поминато до сега, како и кои се плановите за иднина. Писмото можете да го прочитате на овој линк.

Оваа одлука на Безос ќе му овозможи повеќе време да се насочи и кон другите бизниси кои ги поседува, меѓу кои како доста важен за него се истакнува Blue Origin, компанија која слободно може да се нарече конкурент на SpaceX.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаКипар се приклучи на 5G ерата
Следна статијаЗагадување на воздухот и КОВИД-19 на Западен Балкан: Несреќата никогаш не доаѓа сама
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.