Windows 10 на ARM чиповите уште не е многу популарен избор, покрај помалиот избор на достапни и прилагодени апликации и поради перформансите кои не се нешто посебно добри. Поради тоа, неофицијалните резултати од уште непретставениот Snapdragon 8cx Gen 3 покажуваат надеж дека Windows 10 уредите ќе станат доста подобри.

Surface Pro X од Microsoft работи на SQ2 чипот од компанијата кој сепак е направен на основа на Snapdragon 8cx Gen 2, па се очекува дека Microsoft ќе ја продолжи оваа практика и во иднина.

Според неофицијалниот „бенчмарк“ резултати, Snapdragon 8cx Gen 3 покажува од 20 до 40% подобрување, зависно дали се тестираат перформансите од едно или повеќе јадра. Ова не е мало зголемување и секако ќе ги направи Windows 10 уредите кои работат на вакви чипови доста попривлечни за корисниците.

Сепак, тоа што е интересно од ова тестирање е што повторно доаѓа до израз колку е добар процесорот од Apple, M1. Резултатите од тестирањата на M1 покажуваат дека се скоро дупло подобри од неофицијалните резултати на чипот од Qualcomm. Кога на тоа ќе се додаде дека Apple оваа година се очекува да го претстави M2, разликата најверојатно ќе биде уште поголема.

Поради тоа што се работи за неофицијални резултати, останува надежта дека Qualcomm сепак ќе претстави доста подобар чип кој ќе им даде поголема можност за конкуренција на Windows 10 уредите.

Уште еден пример за тоа колку е подобар M1 чипот е споредбата на перформансите на Windows 10 на ARM, со Windows 10 во виртуелна машна на M1 чипот на Apple уред. Иако Windows 10 на Apple уредот се тестира од виртуелна машина, тој сепак работи доста подобро од на некои од PC уредите.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаКина успешно го лансира главниот модул од нивната нова вселенска станица
Следна статијаGoogle Messages доби One UI редизајн кај новите Samsung Galaxy S21 телефони
Avatar
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.