Фото: Intel

Недостатокот на чипови во светот, кој дојде како последица на светската пандемија, продолжува и уште точно не се знае кога може да се очекува дека ќе се среди. Прекините со работа на фабриките, но и на поврзаните бизниси, доведе до тоа да не може да се постигне со производството, а уште поголем проблем направи и зголемената побарувачка како резултат на работата од дома.

Големите компании работат на зголемување на производствените капацитети со инвестирање во нови фабрики, но резултатот од тоа ќе се почека додека се забележи.

Директорот на Intel, Пат Гелсингер, верува дека проблемот со недостатокот на чипови нема да биде решен ни идната година, па некаква нормализирање во достапноста може да е очекува дури во 2023.

Не сите го делат неговото мислење, но сепак мора да се земе во предвид предвидувањето на директорот на една од најпознатите и најголемите компании во тој бизнис.

Гелсингер овој свој став го даде на Nikkei Asia, за време на неговата посета на Малезија каде Intel планира инвестиција од 7,1 милијарди долари за зголемување на производните капацитети. Од компанијата планираат да инвестираат и во Европа, па од тука се очекува и стабилизирањето на достапноста на чиповите во годините што следат.

Во меѓувреме, може да се забележи недостатокот на одредени производи, односно нестандардно чекање за поголеми количини од обично, како и очекуваното зголемување на цените.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаПо само еден месец работа, Мтел го одбележа својот 500 корисник
Следна статијаСите Galaxy S22 модели ќе имаат стакло на задната страна, најавува Ice universe
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.